Tactical Tech претставува
What the Future Wants
Изложбата, подготвена во соработка со млади луѓе, го истражува влијанието на технологиите врз општеството.
What the Future Wants (Што сака иднината) е интерактивна изложба, фокусирана на млади луѓе, која прикажува различни перспективи на технологијата – почнувајќи од личната, преку политичката, сè до планетарната.
Како влијае технологијата врз нашето внимание, нашите податоци, нашите права, нашите општества и нашата животна околина? Интерактивната изложба претставува можност за младите луѓе да застанат за миг и да размислат за тоа што значи да пораснеш во дигитален свет, да формулираат критички прашања кон технологиите, да определат што би сакале да зачуваат и што би сакале да променат во нивната дигитална иднина.
Изложбата What the Future Wants е подготвена во соработка со 200 млади луѓе на возраст од 13 до 18 години. Оттука, ги истражува прашањата што се во сржта на дигиталното искуство на младите: Што значи да пораснеш во дигитален свет? Какво влијание има тоа врз тебе? И што би сакал/-а да зачуваш, а што да промениш во твојата дигитална иднина?Изложбата, подготвена во соработка со млади луѓе, го истражува влијанието на технологиите врз општеството.
This exhibition is licensed under Creative Commons CC BY-NC-ND 4.0.