Вовед What The Future Wants

Изложбата, подготвена во соработка со млади луѓе, го истражува влијанието на технологиите врз општеството.

banner

Како е возможно поради еден уред да се чувствуваш толку поврзано, но сепак толку осамено? Дали таквите чувства се типична појава за технологијата, или пак се бубачка?

Побарај ги ваквите стрелки за да ги најдеш активностите. Како би го дефинирал/ -а твојот однос кон технологијата? Како е возможно поради еден уред да се чувствуваш толку поврзано, но сепак толку осамено? Дали таквите чувства се типична појава за технологијата, или пак се бубачка? Технологијата може да служи како алатка за разбирање на светот, но понекогаш поради неа светот нѐ збунува уште повеќе. Проектот What the Future Wants (Што сака иднината) ти го покажува тајниот живот зад твојот екран, од наметливиот дизајн поради кој се навлекуваш на некоја апликација, сè до многуте раце што се потребни за изработката на еден смартфон.

Технологијата го менува светот околу тебе... Дали ти се допаѓа правецот во кој одиме или ќе им се придружиш на другите што сакаат да создадат подобра дигитална иднина? Посвети малку време за да ги откриеш, да подразмислиш и да ги споделиш твоите идеи за технологијата, но и да дознаеш што мислат другите. Прашај се себеси: Во каква дигитална иднина би сакал/-а јас да живеам и како можеме да го постигнеме тоа?

Проектни партнери