Бидете домаќин на вашата сопствена изложба What the Future Wants

Ќе ве водиме чекор по чекор во поставувањето и презентирањето на изложбата

Display graphic of the exhibition set-up

Бидете домаќин на вашата сопствена изложба What the Future Wants

What the Future Wants (Што сака иднината) е интерактивна изложба, фокусирана на млади луѓе, која прикажува различни перспективи на технологијата – почнувајќи од личната, преку политичката, сè до планетарната. Како влијае технологијата врз нашето внимание, нашите податоци, нашите права, нашите општества и нашата животна околина? Интерактивната изложба претставува можност за младите луѓе да застанат за миг и да размислат за тоа што значи да пораснеш во дигитален свет, да формулираат критички прашања кон технологиите, да определат што би сакале да зачуваат и што би сакале да променат во нивната дигитална иднина.

Изложбата What the Future Wants е подготвена во соработка со 200 млади луѓе на возраст од 13 до 18 години. Оттука, ги истражува прашањата што се во сржта на дигиталното искуство на младите: Што значи да пораснеш во дигитален свет? Какво влијание има тоа врз тебе? И што би сакал/-а да зачуваш, а што да  промениш во твојата дигитална иднина?

За кого е наменета изложбата?

Изложбата е создадена за млади луѓе на возраст од 13 до 18 години и може да се користи во училишта, библиотеки, јавни простори, музеи, на фестивали, како и секаде каде што постои можност за учење и интеракција. Домаќин на изложбата може да биде поединец или група (на пр. паралелка).

Photo by La Loma

Што содржи изложбата „What the Future Wants“?

Изложбата вклучува образовни постери, како и интерактивни активности:

Постери

  1. Вовед - Текст за изложбата што ги поканува посетителите во просторот.
  2. Твојот телефон е дизајниран за да те надмудри - Постер за функциите на апликациите и смартфоните што се дизајнирани за да ни го привлечат вниманието, да го манипулираат нашето однесување или да нѐ измамат.
  3. Вистинскиот живот на твоето селфи - Постер што објаснува како функционираат биометриското препознавање и препознавањето на лицето и каде се користат во нашиот секојдневен живот.
  4. Испуштено од рака - Постер кој го истражува влијанието на производството на смартфони врз социјалната и животната средина, од експлоатацијата на суровини до отстранувањето на електронскиот отпад.
  5. Светот Google - Постер кој ги прикажува големината и богатството на Google и другите технолошки гиганти.

Активност

Здраво, пријателе! - Интерактивна активност во рамките на која посетителите го опишуваат однесувањето на нивниот смартфон преку пишување или цртање краток стрип.

Да бидеме искрени - Активност во два дела:

  1. поврзување точки за да се добие отпечаток на лице;
  2. квиз за препознавање на лицето и биометриски технологии.

„Don’t be evil“ (Не прави лошо) - Активност во рамките на која посетителите размислуваат за слоганите на Google и се прашуваат како изгледа компанија којашто „прави лошо“ и компанија којашто „постапува исправно“.

Практично? - Активност за истражување на растечката зависност на општеството од смартфони и дигитални технологии.

Облачиња со цитати - Сет цитати од учесници на WTFW кои треба да се закачат околу постерите. Празни облачиња се, исто така, дел од материјалите. Посетителите можат да ги пополнат и да ги остават на масата за активности.

Што е потребно?

Материјали

  • Печатач (за печатење во форматите A6, A4 и A3, види упатство за печатење подолу)
  • 2 х ножици
  • Креп-лента
  • Ѕиден простор (види подолу)

Простор

Ќе ви треба ѕид од 6 до 8 метри, во зависност од тоа со каков простор располагате.

  • За најкомпактниот начин на поставување е потребен ѕид од околу 6 метри. Меѓутоа, се препорачува изложбата да биде поставена на поголем простор, на ѕид од околу 7,5 метри
  • Може да се користи постоен ѕид или да се инсталираат панели.
  • Маса за активности (приближно 90 x 180 cm)

Луѓе

  • За поставувањето се потребни најмалку две лица.
  • Возможно е група да ја постави изложбата (на пример, едно одделение). Во таков случај, групата ќе се подели во помали групи, а секоја ќе добие посебна задача (на пр. една група ќе ги исече круговите, друга ќе ги закачи експонатите на ѕидот).

Време за поставувањето

  • За поставувањето на целата изложба се потребни 1 до 2 часа, што вклучува печатење, сечење и закачување, во зависност од големината на групата.

Упатство за поставување на изложбата чекор по чекор

Ако сакате да бидете домаќин на вашата сопствена изложба What the Future Wants, ве молиме контактирајте со нас на youth@tacticaltech.org, и ќе ви го испратиме упатството за поставување на изложбата, заедно со дополнителни информации.